Кумановци да ги отстранат непрописно паркираните возила поради дезинфекцијата

Сподели со своите пријатели

Граѓаните да ги отстранат сите непрописно паркирани возила на јавни прометни површини, побара градоначалникот на Општина Куманово, со цел дезинфекцијата да се извршува непречено.

Loading...

Како што рече во случај на евентуално оштетување со одлуката на Штабот за заштита и спасување, штетата ќе биде на сопствениците и нема да биде надоместена.

– Согласно одлуката на Кризниот штаб ако дојде до оштетување на непрописно паркирано возило или друг туѓ имот кој е незаконски лоциран на јавна површина општината ќе се изземе од било каков ризик и трошоците ќе бидат на сметка на имателот, рече Димитриевски.

Од Секторот за внатрешни работи, Штабот бара да ги детектираат граѓаните кои се собираат во групи на плоштади, улици, паркови и викендици со цел да се намали ризикот.

Никола Ивановски

Leave a Reply