Семеен дом целосно изгорел во селото Режановце при пожарот кој избувнал вчера попладне, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово, а сопственикот се здобил со повреди.
Loading...
– На 27.03.2022 околу 18.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Режановце, кумановско, настанал пожар во куќа сопственост на Д.С.(34). Куќата целосно изгорела, а од пожарот Д.С. се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од кумановската полиција.
Шестмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово со две противпожарни возила вчера го гаснеле огнот во период од 18:18 до 20:40 часот.
Никола Ивановски