Куќа изгоре во пожар во кумановско Режановце

Сподели со своите пријатели

Куќа вчера изгорела во пожар во селото Режановце во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, шестмина пожарникари со две противпожарни возила интервенирале на запалена куќа во селото Режановце.

Интервенцијата траела во период од 18:18 до 20:40 часот, но нема информации за причината на избувнување на пожарот, ниту за висината на материјалната штета.

Во меѓувреме пожарникарите во Старо Нагоричане интервенирале на запалена сува трева и нискостеблеста шума. Тројца пожарникари го гаснеле пожарот во период од 19:55 до 21:00 часот.

Никола Ивановски