Пожар во селото Отља вчера остави семеен дом без кров, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Петмина пожарникари со едно противпожарно возило вчера во период од 14:07 до 15:15 часот интервенирале на пожар кој зафатил куќа во село Отља во Липково, при што била нанесена сериозна материјална штета на кровната конструкција на објектот.
Како што додаваат од РУЦК, причините за пожарот и висината материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
Никола Ивановски