Куќа лоцирана на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово вчера била зафатена од пожар.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 15:44 до 16:31 часот интервенирале петмина пожарникари по што пожарот е локализиран.
Нема информации за висината на настанатата штета, а причините за избувнувањето допрва ќе се утврдуваат.
Кумановските пожарникари вчера имале и интервенција на булеварот „Октомвриска револуција“, каде бил запален смет во контејнер.
Никола Ивановски