КУД „Панче Пешев“ настапи на „Илинденски денови“ во Битола

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ настапи на 48-от Меѓународен Фолклорен фестивал *„Илинденски денови“ во Битола.

И оваа година друштвото доби покана и учествуваше на еден од најголемите меѓународни фолклорни фестивали во Република Македонија, фестивалот  „Илинденски денови“ кој од оваа година се одржува под закрилата на  големото светско семејство CIOFF.

 

Loading...

 

КУД „Панче Пешев“ настапи заедно со Јапонија, Полска, Хрватска, Србија како и друштва од републиката. Фестивалот традиционално започна со дефиле низ Широк Сокак кој се исполни со народни везови, звуци и танци. Потоа настапот продолжи на ракометното игралиште каде сите учесници настапија пред битолската публика но и многуте гости од дијаспората.

 

 

Културно-уметничкото друштво настапи со  обичајот „Китење на младожењу“ кој потекнува од кумановскиот крај. Настапи изворниот оркестар, пеачката група и фолклорниот ансамбал.  Настапот беше добро прифатен за што сведочеше громогласниот аплауз.

Leave a Reply