Крос кантри трка утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Крос кантри трка насловена како „XCO Kumanovo“ утре ќе се одржи во шумата над селото Биљановце, а во организација на велосипедскиот клуб „Cross Cycling“.

Loading...

По успешната трка од минатата година, и Државното првенство кое исто така беше одржано во Куманово, оваа година клубот повторно организира трки за сите љубители на ридско-планинскиот велосипедизам.

На настанот може да се натпреваруваат и деца од 9 до 13-годишна возраст, а дополнително натпревари ќе има и во категориите елит жени, мастерс, јуниори и кадети.

– Ова е покана за сите кои сакаат да уживаат во природата и да дадат поддршка на настанот во кој исто така ќе можат да се натпреваруваат. Трките ќе се одржат на патот кон полигонот Краста и се надеваме дека оваа манифестација ќе влезе во традицијата на градот, велат организаторите.

Оваа година најавено е и учество на повеќе натпреварувачи од Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција и Хрватска.

Манифестацијата е поддржана од Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како и од голем број приватни спонзори, кои за најдобрите веќе имаат подготвено и пригодни подароци.

Loading...

Сите натпревари ќе се одржат од 10 до 15 часот.

Leave a Reply