Криза во Кашмир: Индиската полиција уапси речиси 2.000 луѓе и урива куќи

Сподели со своите пријатели

Индиските војници во Кашмир урнаа девет куќи за кои се сомневаше дека им припаѓаат на бунтовниците и уапсија речиси 2.000 луѓе по смртоносниот напад минатата недела што предизвика јавно негодување и обвинувања за „колективно казнување“.

Loading...

Рушењата, кои оставија девет семејства без покрив над главата, започнаа еден ден по нападот на 22 април врз туристичката дестинација Пахалгам, во кој беа убиени 26 мажи.

Индија именува двајца пакистански државјани меѓу наводните напаѓачи и го обвини Пакистан за поддршка на „прекуграничниот тероризам“, што Исламабад го негира.

Сепак, Индија бара и неколку свои државјани во врска со убиствата, најлошиот напад врз цивили во спорниот Кашмир во последните 25 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Непал ги ограничува дозволите за искачување на Еверест

Полицијата започна голема потера и приведе голем број осомничени на испрашување, вклучувајќи речиси 2.000 жители на целата територија, изјави за АФП висок полициски службеник.

– Полициските станици постојано примаат луѓе на испрашување како дел од истрагата – рече функционерот, зборувајќи под услов на анонимност бидејќи не бил овластен да дава изјави за медиумите.

Тој додаде дека некои веќе се ослободени, а нови се поканети на сослушување.

– Ова не се апсења, туку собирање информации што би можеле да доведат до терористи – рече тој.

Loading...

Кашмир, каде што мнозинството од населението е муслиманско, е поделен меѓу Индија и Пакистан откако тие стекнаа независност од британската власт во 1947 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вртоглави 2,72 трилиони долари потрошил светот за војска лани

Двете земји тврдат дека ја поседуваат целата територија.