Кривични пријави за грабнување на лице среде бел ден во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44), Р.Л.(24), двајцата од од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување“и Ш.Д.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“.

Loading...

Пријавените, на 08.10.2015 година, околу 14,00 часот, во Куманово во непосредна близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, со патничко возило „фолксваген“, управувано од Ш.Д. се паркирале пред патничко возило „рено меган“ управувано од Б.А. од Р Србија во кое била М.С. (40) од Р Србија, при што З.Р. М.Л. и Р.Л. поради тоа што истата претходно им зела пари ветувајќи им дека ќе ги носи во Германија, истите насилно ја внеле во нивното патничко возило и заминале од местото на настанот за да им ги врати паричните средства.

По кратко време во нас.Карпош во Куманово истите се сопрени од страна на полициски службеници и приведени во СВР Куманово.