Кривични пријави за двајца кумановци за насилство во ноќен клуб ”Тунел”

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т. (23) и Н.Г. (24), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Loading...

 На 09.05.2015 година околу 03,00 часот во ноќен клуб „Тунел“ во Куманово С.Т. при разминување со Н.М.(18) од Куманово започнале вербална распарвија, а во еден момент првопријавениот со стаклено шише го удрил оштетениот во пределот на главата.

Откако М.И.(18) , другар на Н.М, се обидел да ги раздвои, физички бил нападнат од Н.Г., по што оштетените со мотори заминале пред зграда на ул„Народна Револуција“.

По ова, со возило пред зградата дошле пријавените и со безбол палки и метални шипки ги нападнале М.И. и Н.М., при што го искршиле и моторот на Н.М..