Кривични пријави за 43 лица поврзани со измами со „брзи кредити“

Сподели со своите пријатели

Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривични пријави против 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.

Loading...

За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција

Во текот на предистражната постапка обезбеден е обемен доказен материјал дека почнувајќи од јули 2022 година, користејќи различни модалитети на извршување, со умисла вршеле временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исти дела. Притоа користеле исти трајни односи, исти прилики и слични околности, а крајната цел им била да прибават за себе имотна корист.

Така, дел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински.

Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција

Еден дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи.

Во тоа им помагал и осомничениот – службеното лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот.

Ваквите лажни податоци лицата ги користеле за да подигнат и по неколку различни кредити различни друштва во еден ден, со што прибавувале значителна имотна корист.

Loading...

Потоа парите ги извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените организатори на вакви измами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: Неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција

Незаконски прибавената имотна корист од сите вакви дејствија во вкупен обем надминува три милиони денари.

Интегрално соопштение