СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ј. (31) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Осомниченото лице на 12 декември минатата година, околу 22.45 часот, во Куманово во кафе бар од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот при што е пронајден електричен парализатор, кој го набавил од непознато лице.