Кремљ: Путин не беше поканет на меѓународниот самит за борба против пандемијата

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин не добил покана за учество на вториот меѓународен онлајн самит за борба против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Ниту една покана не е пристигната на ниво на претседател“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање.

 

Милионер близок до Кремљ пронајден мртов во својот луксузен стан: Застрелани сопругата Јелена и ќерката

 

Тој додаде дека не знае дали Русија воопшто била поканета на настанот, пренесува Тас.

Со виртуелниот самит, кој ќе се одржи на 12 мај, ќе претседаваат САД, Германија, Индонезија, Сенегал и Белизе.