Ковачевски и Донев од 12 часот во кумановски Шупли Камен

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со претседателот на Владата на Република Бугарија Галaб Донев, во придружба на министри од двете влади, претставници од Делегацијата на ЕУ и Европската банка за обнова и развој, денеска 29.10.2022 година (сабота), со почеток во 12:00 часот ќе присуствуваат на oтпочнување со градба на источен дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.

Loading...

Настанот ќе се одржи на делницата каде што поминува железницата, близу Куманово. На настанот ќе се презентира проектот за источниот дел од делницата. Свои обраќања ќе имаат премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Бугарија Галаб Донев, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Железници „Инфраструктура“, Хари Локвенец, амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Дејвид Гир и Анди Аранитаси од Европската банка за обнова и развој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Старо Нагоричане до 13 часот?

Со изградбата на оваа железница Република Северна Македонија станува крстосница на Балканот и регионално се поврзува со европските железнички коридори. Овој капитален проект е од исклучително значење особено за поврзување со нашите први соседи Бугарија и Албанија, што е од регионален интерес за граѓаните и за економскиот раст и развој.

Обраќањата може да ги проследите во живо на следните линкови: