Костовски: Одиме на ненасилен протест во Скопје со превоз од градскиот кеј (видео)

Сподели со своите пријатели

Македонија е земја во која демократијата е мртва, а граѓаните се жртви на насилниот режим на Груевски. Целата држава е заложник на деструктивната политика на неколку луѓе кои ја носи нашата земја во пропаст, ги злоупотребува нашите пари и ни ги брка децата во странство, истакна на денешниот прес, претседателот на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Loading...

 – Ова е точка од која нема враќање. Чукна крајниот час за промена, за слобода. Ова е време за натпартиска, граѓанска битка!

Затоа, во име на Уставот на Република Македонија, ве повикуваме на масовен и ненасилен протест чија цел е пораз на оваа власт која ден по ден ни ја одзема иднината. На 17-ти излегуваме на улица и остануваме се до конечен пад на Груевски.

Ова е борба меѓу граѓаните и врхушката на Груевски, ова е борба за враќање на општеството и државата во рацете на граѓаните на Македонија.

На 17-ти мај, Ве молиме за миг да се потсетите на последните девет години… на сите притисоци, сите парични и затворски казни, сите иселувања, омаловажувања и неразрешени убиства, партиски вработувања, монтирани судски процеси, рекетирање на фирми.

Дојдете обединети да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и заедно да одлучуваме за нашата иднина!

На 17-ти мај (недела) ќе има организиран превоз од Куманово за големиот граѓански собир. Ќе се тргне во 11-00 часот. Местото од кое ќе се тргне е Градскиот кеј, ул.Октомвриска револуција, истакна Костовски.

Leave a Reply