Косовските власти истражувале за групата пред нападите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Косовското Јавно обвинителство сопшти дека почнало истрага против лицата уапсени во вооружената престрелка во Куманово, под сомнеж дека планирале напади и на територијата на Косово, објави онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“.

Loading...

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека истрагата почнала по претресите што косовската полиција ги спроведе на 15 мај во нивните домови во Косово.

Како што јави дописникот на МИА, Обвинителството наведува дека првите истажни дејствија почнале уште пред случувањата во Куманово, поради „основани сомневање дека некои лица планираат кривични дела во Косово“.

– Државното обвинителство на Република Косово, во врска со овој случај, откако доби барање заедно со докази од косовската полиција, се обрати до надлежниот суд со барање за издавање налог за претрес. Осомничените лица можно е да се вмешани во настаните што се случија во Македонија- стои во соопштението.

Косовското Обвинителство наведува дека истрагата се спроведува врз основа на законот, имајќи го предвид значењето на зачувувањето на јавниот ред и безбедност, како и спречување на какви било кривични дела.

Во соопштениетот исто така се нагласува дека Обвинителството не може да објави други информации во интерес на истрагата, но на јавноста и гарантира дека базирајќи се на надлежностите и законските обврски ќе ги преземе сите неопходни мерки за спречување на секакви незаконски активности.

Leave a Reply