Кошаркарите на „Пинк Пантери“ ја освоија Атина (галерија)
On:
Сподели со своите пријатели
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово со своите кошаркари родени 2002 годиште, во текот на минатата седмица гостуваше во Атина, каде одиграа неколку натпревари со екипите на Панатинаикос ,Олимпијакос и АБЦ (со нивните играчи родени 2002-2003 година).
Loading...
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери од Куманово со своите кошаркари родени 2002 годиште, во текот на изминатиот викенд гостуваше во Атина, во соседна Грција каде одиграа неколку натпревари со екипите на Панатинаикос ,Олимпијакос и АБЦ (со нивните играчи родени 2002-2003 година).
Иако резултатот на овие натпревари беше во втор план, мора да се напомене одличната игра на младите кумановски кошаркари и убедливите победи на сите одиграни натпревари во грчката метрпола.
Со прикажаните игри на достоен начин ја презентираат Македонската кошарка, надвор од нашите граници.
По натпреварот со Панатинаикос, во нивниот тренинг центар во склоп на „ОАКЕ арената” им беше овозможено да го проследат „во живо” мечот од Евролигата помеѓу домаќинот Панатинаикос и Црвена Звезда.
Со луѓето од Панатинаикос и Олимпијакос беше договорено соработката да продолжи и понатаму.
Ваквите гостувања и натпревари се од исклучително значење за нашиот клуб и нашите млади кошаркари кои со континуирано играње на квалитетни натпревари против квалитетни и реномирани екипи, се стекнуваат со непроценливо искуство кое многу ќе им значи во нивниот кошаркарски развој- вели директорот на клубот, Бојан Златковски.
Loading...
Ако се земат во предвид и изминатите гостувања и турнири на кошаркарскиот клуб „Пинк Пантери” од Куманово во последната година, тие дефинитивно се бренд број еден во Македонија кога станува збор за репрезентирање на македонската клубска младинска кошарка, надвор од границите на нашата земја.