Една од најголемите грутки килибар во светот, чија вредност се проценува на околу 1 милион долари, е откриена во домот на една старица во Романија.
Жена пронашла камен тежок 3,5 килограми во поток во Колча, село на југоистокот на оваа земја и со децении го користела за држење врата.
Не ја знаела вредноста на грутката, а не знаеле ниту разбојниците кои украле куп накит од нејзината куќа, пренесуваат локалните романски медиуми, а пренесува Ел Паис.
Информацијата ја потврди Даниел Костас, директор на Провинцискиот музеј во Бузау, за шпански Ел Паис.
Неверојатен остаток од фосилна смола го привлекол вниманието на роднина на една стара Романка, која почина во 1989 година.
Тој го продал на државата, која сега го класифицира како национално богатство.
Романските власти ја предале грутката на специјалист од Природонаучниот музеј во Краков, кој веднаш ја потврдил автентичноста на килибарот и проценил дека може да биде стар помеѓу 28,5 и 70 милиони години.
– Откривањето на килибарот е од големо значење и за науката и за музеите – изјави Костас за El Pais.
Тој додаде дека тоа е една од најголемите грутки килибар во светот.
Романија е една од земјите со најзначајни резерви на килибар, а најмногу има токму во областа Бузау.