Концентрацијата на микропластика во океанот поголема од било кога

Сподели со своите пријатели

На дното на океанот, научниците пронајдоа 1,9 милиони парчиња микропластика во слој дебел пет сантиметри во само еден квадратен метар. Тоа е најголемата концентрација на пластичен отпад досега снимен на океанското дно.

Loading...

Повеќе од 10 милиони тони пластичен отпад што влегува во морето секоја година е всушност само еден процент од отпадот што лебди во океанот, тврдат британските научници.

Откриена бактерија која може да разградува пластика

„Откривме до 1,9 милиони микропластика во слој дебел 5 см што покрива само еден квадратен метар, највисоко ниво на микропластика што некогаш е забележано на дното на океанот”, напишале Иан Кејн од универзитетот Манчестер и Мајкл Клер од Националниот океанографски центар во Ливерпул.

Пластичните остатоци постепено се распаѓаат во помали фрагменти во океанот, сè додека не формираат честички помали од 5 мм, познати како микропластика, предупредуваат од Саенц.

ПОДОБРИ ОД АСФАЛТ: Патишта од рециклирана пластика (ВИДЕО)

Новите истражувања покажуваат дека силните струи прават големи „наноси“ микропластика на морското дно и дека нивната концентрација е многу поголема отколку што се сметаше порано.

Leave a Reply