Комуналната инспекција ги демантираше обвинувањата за нерасчистената депонија

Сподели со своите пријатели

По повод обвинувањата на ОК на ВМРО ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција одржана во нас. Перо Чичо, за тоа дека општинскита власт и градоначалникот не прават ништо за расчистување на депонијата близу надвозникот и Маркетот ТУШ, Секторот за комунална хигиена при Општина Куманово објави демант кој го пренесуваме интегрално.

Loading...

Сакаме да ги известиме граѓаните дека потегот кој минува покрај железничката пруга каде што се депониите досега се чистени два до три пати годишно од комуналната инспекција и службите задолжени за тоа во Општина Куманово.

Инаку, тоа земјиште е под ингеренција на Македонски Железници. Ние како комунална служба апелираме до граѓаните да бидат совесни и да не фрлаат смет на места кои не се предвидени за тоа, бидејќи од нас зависи во каква животна средина ќе живееме. Што се оденесува до посочената локација спроти маркетот Туш, тоа е во приватна сопственост и таму општината нема ингеренции, иако повеќе пати сме аплирале да се отстрани таа депонија или да се стават реклами за да не биде директно изложено на погледот на граѓаните. Уште еднаш апелираме до сите граѓани да ја чуваме нашата животна средина, и отпадот да го фрламе и складираме на места наменети за тоа, се вели во писмениот демант од Секторот за комунална хигиена