Колегите и пријателите испратија последен поздрав до Роберт Павлевски (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

По повод трагиичната смрт на директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Роберт Павлевски, пладнево се одржа комеморативна седница на која неговите пријатели, колеги и соработници испратија последен поздрав до него.

Loading...

DSC_0016

Млад, насмеан и полн со енергија – вака го опишаа неговите колеги од Центарот за култура и порачаа дека како таков секогаш ќе го паметат.

Ова е тежок момент за сите нас, за неговото семејство и неговите две ангелчиња Мартина и Калина. Веста која ја слушнавме не сакавме да ја земеме како вистина – вели Сузана Трајковска во име на вработените на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во името на Театар Куманово, свој збор имаше актерот Горан Илиќ, кој истакна дека тоа е животот, а смртта нејзин неотуѓив и тежок дел.

Верувам дека и таму во вечноста каде што припаѓаш ќе останеш доследен на своите проинципи и посветеност, и нема да не изневериш како овде што не изневери заминувајќи – рече Илиќ во своето обраќање.

Последен поздрав и сочувство до семејството на Павлевски испратија и неговите соработници од Албанската драма при Театар Куманово.

Роберт беше не само драг колега, туку и голем човек и културен работник кој искрено се залагаше за унапредување на нашите културни вредности во земјата и надвор од неа – рече Енвер Алиу, директор на Албанската драма при Театар Куманово.

Loading...

Инаку Роберт Павловски е роден на 18.09.1975 година во Куманово. Во 2002 година дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а подоцна работи како професор по музичка уметност во ОУ „Христијан Карпош“ во с. Драгоманце.

Од 16.07.2007 година станува директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ и до утрово успешно ја извршуваше својата фунцкија.

DSC_0004

Павловски загина во страотна сообраќајна несреќа што се случи еден час по полноќ, кога истиот со своите колеги и сопартијци се враќаше од прославување на Комитската вечер.

Зад себе, освен кариерата ја остави и својата сопруга и двете ќерки Мартина и Калина.

Погребот ќе се одржи денес во 15 часот на градските гробишта во Куманово.