Кои професии водат страсен љубовен живот, а кои немаат таква среќа?

Сподели со своите пријатели

Сексуалниот живот е различен кај секој од нас, но некои луѓе имаат побогати биографии од другите.

Loading...

„Leto UK“, се зананимавал со откривање на врската помеѓу сексуалниот живот и изборот на професија, а резултатите покажаа кои професии имаат најбогати и најсиромашни сексуални животи.

Како порнографијата влијае на вашиот сексуален живот?

Во истражувањето учествувале 2.000 мажи и жени, при што резултатите покажуваат дека земјоделците имаат најмногу секс, при што дури 33 проценти пријавиле дека имаат секс барем еднаш дневно.

Архитектите се најдоа на второ место, со 21 процент, односно дека имаат секс еднаш дневно.

Трети на листата се фризерите со 17 проценти, а потоа следат лица вработени во секторите рекламирање, адвокати и наставници.

Новинарите се најдоа на оваа листа со податок дека имаат само секс еднаш месечно.

Шест лекции за добар сексуален живот со вашата партнерка

Loading...

Адвокатите тешко се задоволуваат, па 27 проценти рекле дека имаат оргазам секој пат кога имаат секс.

– Постојат одредени сличности во рамките на секоја професија, но важно е да се земе предвид дека има голем број индивидуални разлики кои влијаат на сексуалноста. Очекувавме дека ќе има некои трендови, како што е количината на физичка активност кај земјоделец, за разлика од некој што работи канцелариски работи, што влијае на количината на физичка сила и енергија. Влијанието на нашите активности се чувствува и врз животниот стил и навиката, но и врз сексуалниот живот – објасни Кејт Мојл од Leto UK.

Leave a Reply