Книги и дипломи за миниматурантите од градинката “Бубамара” (галерија)

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

 

Во градинката ”Бубамара” денес се одржа хепенинг забава, насловена како ”Мини забава за мини матуранти”, манифестација која ќе биде одржана на ниво на сите објекти од Јавната установа ”Aнгел Шајче”.

 

 

Целта на забавата е испраќање на 67 деца од големите групи во прво одделение со новата учебна година, вели Лидија Јаневска, одговорен воспитувач во објектот ”Бубамара”.

– Со денешниот хепенинг сакаме да се збогуваме со дечињата од големите групи кои во септември ќе тргнат на училиште и продолжување со летни активности во сите објекти. На денешната забава учествуваат деца од групите со деца над тригодишна возраст, вели Јаневска.

Идните првачиња од мешан етнички состав денес добија и дипломи и книги, како потврда за нивниот успешен престој во оваа воспитно – образовна средина, додава Јаневска.

Loading...

Пред нивното заминување, во кругот на градинката беа засадени дрвја, како спомен на една генерација, а за идните првачиња беше резервирана торта и хелиумски балони, со што, градинката им посака успех во понатамошно школување и уште еднаш ја потенцираше важноста за воспитување на децата во мултиетнички дух како столб за успешно развивање на децата и рушење на сите предрасуди базирани на етничка основа.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *