Швајцарската кантонска полиција соопшти дека утринава го запрела речниот сообраќај на Рајна кај Базел на северот на Швајцарија поради акција на климатски активисти.
Loading...
Ситуацијата е под надзор, изјави полицискиот портпарол за агенцијата АТС и увери дека нема повредени.
Десетина активисти организираа акција од мостот Три рози во центарот на градот со цел да го попречат транспортот на гориво на Рајна, која е една од главните речни трговски патишта во Европа, пренесува Бета-Франс прес.
Шест активисти се спуштиле по мостот и развиле два транспаренти на кои пишувало „Слобода на движење на луѓето, а не нафта“ и знак „Стоп“, јавува АТС.