Кличко: Осум лица се ранети во рускиот напад на Киев

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица се ранети утрово во руски ракетен напад врз главниот град на Украина, Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Loading...

Тој на Телеграм изјави дека единиците за противвоздушна одбрана го одбиле нападот и дека делови од проектилите паднале во различни делови на градот, пренесе Хина.

Остатоците од соборената руска ракета погодија неколку станбени згради, индустриски објекти и детски градинки.

Градоначалникот на Киев рече дека службите за итни случаи се на терен.

Тоа беше првиот голем ракетен напад врз Киев во последните неколку недели.