Кошаркарите на Куманово рутински го добија вчерашниот меч против вториот тим на МЗТ Скопје, при што во „Јане Сандански“ славеа со резултат 65-79.
Домаќинот поведе само во првите десет минути игра, кога семафорот означи 13:9, додека во сите останати периоди избраниците на тренерот Александар Петровиќ покажаа доминатна игра.
Андреј Цветковски до редовите на Куманово со постигнати 19 поени беше најефикасниот играч, со поен помалку е Теодор Атанасов, а со 14 мечот го заврши капитенот Марјан Јанески.
Кај домаќините по 18 поени реализираа Ранко Мамузиќ и Виктор Исајловски, кои всушност беа и носители на играта.
Со оваа победа, на две кола од регуларниот дел од сезоната, Куманово си обезбеди пласман во Супер лигата, каде влегуваат шест екипи од првенството.
Никола Ивановски