КК Куманово остана без тренер, си замина Владимир Мирковски

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово е пред предизвик да најде нов тренер на местото на Владимир Мирковски за претстојните натпревари во БИБЛ лигата и домашното првенство, откако тој одлучил да се повлече од функцијата.

Loading...

Иако Куманово влезе со поголеми амбиции во оваа сезона, во домашниот шапионат има скор од 4-3 по седум одиграни кола, а и во БИБЛ лигата ситуацијата е слична.

Во најкус можен рок управата на КК Куманово ќе мора да ја разгледа поднесената оставка од страна на Мирковски и да донесе нов тренер, со оглед дека натпреварите во БИБЛ лигата продолжуваат наскоро.

Никола Ивановски

Leave a Reply