КК Куманово и официјално исфрлен од Втората лига

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 и официјално не е дел од Втората кошаркарска лига на Македонија, објави денеска Федерацијата.

Loading...

КФСМ за ваквата одлука наведува неколку причини.

– Неподмирени надоместоци и патни трошоци за службените лица, неплатени две котизации за натпреварување и долгувања од минатата сезона, за кои на Куманово 2009 му биле дадени неколку рокови, а истите не биле испочитувани, стои во последниот билтен на Федерацијата.

Клубот претрпе и два службени порази, го загуби натпреварот со екипата на КК „Шкупи“ во склоп на 16. коло со резултат 20-0.

– Согласно членовите 47, 52.2 и 61.10 од Пропозиции за натпреварување во Сениорските лиги, поради два загубени натпревари со службен резултат, екипата на КК Куманово 2009 ќе се исклучи од понатамошното натпреварување во Втората лига мажи. Бодовите на екипата на КК Куманово 2009 се бришат согласно член 34 од Правилникот за натпреварување во Сениорски лиги, се вели во денешниот Билтен на КФМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз во веселата шума“ – новогодишна претстава на Театар Куманово

Сепак кумановци имаат свој претставник во оваа лига, тоа е клубот МКК Куманово кој е на чекор да влезе во Првата лига од следната сезона.

Никола Ивановски