Викенд прогноза за Куманово: Врнежливо и посвежо време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во Младо Нагоричане

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со врнежи од дожд, но и услови за кракти сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 19 степени целзиусови.

 

 

Недела носи променливо време, со услови и за дожд и за сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални шест до максимални 23 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово викендов го пречекува Мулти Есенс

 

 

Новата работна недела носи претежно сончево време.

Никола Ивановски