Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“, граѓаните можат да дадат свое мислење

Сподели со своите пријатели

Улицата „Моша Пијаде“ една од најстерите артерии во центарот на Куманово наскоро ќе биде реконструирана.

Loading...

Проектот освен нова асфалтна подлога, опфаќа и реконструкција и замена на подземната инфраструктура и нова електрична и оптичка инсталација.

Освен тоа, ќе се постави и нова атмосферска канализација, ќе се смени водоводна и фекална мрежа, а ќе се обезбедат и 108 паркинг места за жителите на улицата.

По реконструкцијата ќе се постават столпчиња за да се спречи паркирање на тротоарите, а ќе се постават и полуподземни контејнери.

Кога ќе започнат градежните активности ќе се воведе времен режим на сообраќај. Едната лента ќе биде затворена, а за пешаците ќе се постават посебни премини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла грутчеста материја!

Станува збор за проект кој Општина Куманово ќе го реализира со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

Општина Куманово ги повикува житежите од оваа улица да дадат свои забелешки и предлози на проектот.

Формуларот за доставување коментари и предлози може да се преземе од веб страницата на Општина Куманово, а граѓаните своите предлози, идеи и забелешки во однос на проектот може да ги достават заклучно со 18 февруари.

Loading...

Никола Ивановски