Ќе се реконструира патот до манастирот Карпино

Сподели со своите пријатели

Наскоро ќе започне реконструкција и поправка на патот кој води до манастирот Карпино во селото Сув Орах во општина Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од иницијативата која се грижи за зачувување на манастирот, потпишан е договор со фирмата „Фишер Тихи“ од Куманово кои ќе се погрижат да го санираат патот во должина од 2,5 километри.

– Планирано е сите критични места да се доведат во стабилна состојба со пропусти на повеќе локации.  Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој кои ќе ги користи општина Старо Нагоричане за санирање на патот, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласале во Липково до 13 часот?

Следна цел, како што информираат иницијаторите, е реконструкција на постоечкиот конак.

Никола Ивановски