Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утре ќе го посети Граничниот премин Табановце, каде заедно со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“.
Настанот ќе започне во 11:30 часот и е дел од активностите насочени кон подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот за време на летната сезона, кога се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на граничните премини.
Никола Ивановски

