Хуаси некогаш било сиромашно село, а сега е најбогато во Кина. Сместено во провинцијата Јиангсу, селото може да се пофали со солитер од 72 ката, тематски парк, луксузни вили и небо на кое кружат хеликоптери.
Има население од околу 2.000 жители и меѓу нив нема сиромашни луѓе. На банкарските сметки, селаните немаат под 143.000 американски долари и сите живеат во вили. Тие го нарекуваат „Селото на богатите“.
Сепак, постои правило за животот во изобилство: Ако го напуштите селото, губите сè што имате.
Со оглед на тоа што повеќето жители работат седум дена неделно, единственото место каде можат да трошат пари е нивното село, каде нема кафулиња или клубови.
Јавниот превоз е со воздушни хеликоптери, така што жителите на Хуаси се оддалечени само неколку минути од околните градови.
Потеклото на богатството е непознато, а медиумите можат да влезат во селото само доколку добијат дозвола.
Интересно е што, пред триесет години, селото беше како секое просечно кинеско село, сиромашно, со само шестотини жители.
Познато е дека во тој момент официјалниот претставник на партијата, Ву Ренбао објави план што ќе донесе просперитет на селото. Наскоро, беа основани неколку компании што регрутираа жители и ги правеа богати.