Министерството за надворешни работи на Кина ја коментираше последната шокантна изјава на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој, да потсетиме, рече дека неговиот кинески колега Си Џинпинг е диктатор.
Затоа кинеското Министерство денеска соопшти дека „оваа изјава е крајно погрешна и неодговорна“.
„Кина одлучно стои против политичката манипулација“, рече Мао Нинг, претставник на МНР на Кина.
Таа додаде дека „секогаш има луѓе со задни намери кои се обидуваат да ги испровоцираат и влошат односите меѓу САД и Кина“. Но, тоа нема да заврши успешно“, рече таа, пренесува РИА Новости.
Претседателот Бајден, да потсетиме, уште еднаш го нарече кинескиот претседател диктатор.
„Тој е диктатор во смисла дека е човек кој управува со комунистичка земја, чиј облик на владеење е сосема поинаков од нашиот“, одговори Бајден.
Ова е втор пат оваа година Бајден да го нарече Си Џинпинг диктатор.
Си Џинпинг деновиве е во официјална посета на САД. Тоа е негова прва посета на Вашингтон по шест години и прва средба во живо со Бајден оваа година, пренесува Спутник.