Училишен автобус удрил во толпа ученици на влезот од средно училиште во градот Тајанг во источната кинеска провинција Шандонг, при што загинале најмалку 11 лица, соопштија денеска локалните власти во округот Донгпинг.
Несреќата се случила нешто по 7:00 часот кога автобус кој превезувал учници удрил во поголема група собрана на страната на патот, јавува агенцијата Ксинхуа.
Причината за оваа несреќа сè уште не е позната, но безбедноста во преоптоварените училишни автобуси долго време е проблем во Кина, оценува АП.
Во несреќа во 2017 година, дванаесет лица, вклучително и 11 детски градинки, загинаа кога училишен автобус излетал од патот и се запалил во градот Веихаи, исто така во провинцијата Шандонг.
Во таа несреќа загинаа возачот, шест кинески деца и пет деца од Јужна Кореја, но до денес не е разјаснето дали несреќата е предизвикана намерно или поради грешка на возачот, пренесе АП.