Кина предлага да биде домаќин на самитот Путин – Трамп

Сподели со своите пријатели

Кина понуди да биде домаќин на самитот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за да помогне да се стави крај на војната во Украина, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на информирани извори.

Loading...

Кинеските власти преку посредник му го пренеле предлогот на тимот на Трамп, пренесува Ројтерс, наведувајќи дека не добиле официјален одговор од кинеското Министерство за надворешни работи по ова прашање.

Трамп во средата рече дека и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого разговарал по телефон, изразиле желба за мир, врз основа на што им наредил на високите американски претставници да започнат разговори за ставање крај на војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските берзи на рекордно ниво по разговорите Трамп - Путин

Кремљ објави дека Путин и Трамп се договориле да се сретнат, а Путин го поканил својот американски колега да ја посети Москва. Трамп, од друга страна, рече дека нивната прва средба по преземањето на функцијата претседател ќе биде наскоро во Саудиска Арабија.