Кина ја разгледува понудата на САД за разговори за царини

Сподели со своите пријатели

Пекинг ја разгледува понудата на Вашингтон за разговори за царините од 145 проценти што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денес кинеското Министерство за трговија, предупредувајќи ги САД да не се вклучуваат во „изнуда и принуда“.

Loading...

Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека САД контактирале со Кина за да побараат разговори за царините на Трамп и дека вратата на Пекинг е отворена за дискусии, објави Ројтерс.

„САД неодамна презедоа иницијатива во неколку наврати да достават информации до Кина преку релевантни страни, велејќи дека се надеваат на разговори со Кина. Обидот да се искористат разговорите како изговор за принуда и изнуда би пропаднал“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дипломатска победа“ за Киев: Детали од договорот за минерали меѓу САД и Украина

Кинеското министерство додаде дека САД треба да ги исправат „погрешните“ постапки и да го откажат воведувањето на еднострани царини, како и дека Вашингтон мора да покаже „искреност“ во преговорите.

Кина состави список на производи произведени во САД кои ќе ги ослободи од одмаздничките царини од 125 проценти, вклучувајќи одредени фармацевтски производи, микрочипови и млазни мотори.

Во исто време, американските претставници, вклучувајќи го и секретарот за финансии Скот Бесант и економскиот советник на Белата куќа Кевин Хасет, исто така изразија надеж за напредок во ублажувањето на трговските тензии.

„Уверен сум дека Кинезите ќе сакаат да постигнат договор. И како што реков, ова ќе биде процес од повеќе чекори. Прво, мора да ја деескалираме ситуацијата, а потоа ќе почнеме да се фокусираме на поголем трговски договор“, рече Бесант во интервју за „Фокс бизнис нетворк“ оваа недела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белата куќа бара намалување на буџетот за канцелариите на Министерството за правда

Трамп во средата изјави дека верува оти постои „многу голема шанса“ неговата администрација да постигне договор со Кина, неколку часа откако кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за да се прилагодат на промените во меѓународната средина, без да ги спомене САД.

Loading...