Кина и Саудиска Арабија за глобалниот пазар на нафта: Стабилното снабдување е важно

Сподели со своите пријатели

Кина и Саудиска Арабија ја потврдија важноста од стабилно снабдување на светските пазари на нафта и улогата на Ријад во тоа, се вели во денешната заедничка изјава по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на кралството.

Loading...

Кина ја поздравува улогата на Саудиска Арабија на светскиот пазар на нафта бидејќи поддржува рамнотежа и стабилност во снабдувањето, се вели во соопштението и се потсетува дека Ријад е сигурен голем извозник на сурова нафта во Кина, објави Ројтерс.

Си ја посети Саудиска Арабија за прв пат по речиси седум години, а вчера потпиша договори вредни милијарди долари со најголемиот светски извозник на нафта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обид за напад на Врховниот суд на Бразил, осомничениот бомбаш пронајден мртов

Кина е најголемиот трговски партнер на Саудиска Арабија и извор на растечки инвестиции, а воедно е и најголемиот светски купувач на нафта.

Според податоците на кинеската царина, билатералната трговска размена меѓу Саудиска Арабија и Кина минатата година достигнала 87,3 милијарди долари, што е зголемување за 30 отсто во споредба со 2020 година.

Кинескиот увоз на сурова нафта од Саудиска Арабија изнесуваше вкупно 43,9 милијарди долари во 2021 година, што претставува 77 отсто од нејзиниот вкупен увоз на стоки од кралството.