Кина е подготвена да помогне во решавањето на украинската криза

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти се подготвени да помогнат во решавањето на украинската криза преку заеднички напори со меѓународната заедница.

Loading...

Пекинг може подоцна да објави информации во врска со предлогот на Киев да се приклучи на состанокот на таканаречената формула за мир, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

„Ќе продолжиме да соработуваме со меѓународната заедница и ќе играме конструктивна улога во политичкото решение на (украинскиот) конфликт“, рече таа на конференција за медиуми, одговарајќи на барањето на западен новинар да ја коментира неодамнешната изјава на Киев.

Портпаролката објасни дека Пекинг постојано одржува контакти за ова прашање со сите заинтересирани страни, вклучувајќи го и Киев, пренесува Спутник.

„Главната работа е да се помогне во мировните преговори“, нагласи таа.