Ким Џонг Ун нареди јакнење на нуклеарните сили и модернизација на војската

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја донесе одлука за мерки за „квантитативно и квалитативно“ зајакнување на своите нуклеарни сили, додека лидерот Ким Џонг Ун повика на модернизација на војската, објави денес државната агенција КЦНА.

Мерките и изјавите на Ким дојдоа за време на проширениот состанок на Централната воена комисија на владејачката Работничка партија, одржан во четврток, соопшти КЦНА.

Ким рече дека безбедноста и „вистинскиот мир“ на Северна Кореја можат да се гарантираат само со изградба на моќна војска способна да ги контролира сите закани, според извештајот.

На состанокот беа утврдени планови за обновување на техничката инфраструктура на борбените системи, проширување и зајакнување на нуклеарните сили, како и стандардизација, специјализација и модернизација на воените бази, соопшти КЦНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија во пламен: Андалузија погодена од најразорниот пожар досега, 12 лица загинаа (ВИДЕО)

Тие, исто така, разговараа за проширување на улогата на Главното биро за извидување, воената разузнавачка агенција на Северна Кореја, со цел да се подобрат нејзините извидувачки и разузнавачки способности, се додава во извештајот.

KCNA наведе дека на состанокот се разговарало за изградба на модерни поморски бази и подобрување на капацитетот на бродоградилиштето, што, како што е оценето, одразува голема промена во статусот и улогата на морнарицата.