Киев: Русија гаѓаше болница во регионот Суми, има ранети

Сподели со своите пријатели

Руски воздушен напад утринава погоди болница во регионот Суми, на североистокот на Украина, при што е уништена зградата и повредени се неколку лица, соопшти гувернерот на регионот Дмитро Живицки.

Loading...

„Руската авијација, која не ја премина украинската граница, пукаше во болницата. Просториите се уништени, некои се ранети“, објави на Телеграм гувернерот на регионот Суми.

Живицки рече дека нападнатата болница се наоѓа во областа Велика Писаривка, која се граничи со Русија, пренесе Ројтерс, од каде велат дека во овој момент не може да го потврдат извештајот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.