Киев: Исклучен еден реактор во Запорожје поради гранатирање

Сподели со своите пријатели

Еден од двата оперативни реактори во нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под руска контрола, е исклучен поради руско гранатирање, соопшти денеска операторот Енергоатом.

Loading...

Како резултат на уште едно минофрлачко гранатирање од страна на руските сили на местото на нуклеарната централа Запорожје, активирана е итна заштита, а оперативната петта енергетска единица е исклучена, напиша украински оператор на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Енергоатом додаде дека шестиот реактор, единствениот моментално во функција, „продолжува да работи во енергетскиот систем на Украина и овозможува централата да се снабдува со електрична енергија за сопствени потреби, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  EK предлага осми пакет санкции против Русија

Со денови руската и украинската страна разменуваа обвинувања за гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје, што предизвика загриженост за нуклеарна катастрофа.

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска треба да пристигне во нуклеарната централа за да ја процени безбедносната ситуација.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.