Американскиот секретар за здравство и човечки услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор рече дека не знаел за извештаите кои сугерираат дека 50 отсто од вработените во одделот би можеле да бидат отпуштени како дел од планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на бројот на вработени.
„Ако се грижите за јавното здравје, немате за што да се грижите“, рече Кенеди во интервју за Фокс њуз.
Тој исто така во интервјуто рече дека Трамп побарал истражување за безбедноста на таблетите за абортус.
Како што беше претходно објавено, администрацијата на Трамп изјави дека ќе ги намали и средствата наменети за индиректни трошоци за медицински истражувања на универзитетите, болниците и другите научни институции, пренесува Танјуг.