Освен за возачите на автомобили, новиот Закон за безбедност во сообраќајот предвидува и низа правила за велосипедистите.
„Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот. Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед ноќе и во услови на намалена видливост треба да носат рефлектирачки елек за време на возењето на патот“, стои во законот.
За непочитување на овие одредеби се предвидени глоби од педесет евра за воазачите и за родителите доколку нивното дете не се придржува до законките одредби.
Законот предвидува возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед да се движи што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека односно лента. Ако двајца или повеќе возачи на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед се движат во група се должни да се движат еден по друг.
Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед се движи по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
„На велосипедски патеки уредени и обележани за сообраќај на велосипеди и велосипеди со помошен мотор, мопед во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата. Возачот на велосипед и на велосипед со помошен мотор, мопед може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила. Возачот на велосипед со помошен мотор, мопед не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на овие одредби“, се вели во законот.
Возачот на велосипед, на велосипед со помошен мотор, на мопед, на мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и на четирицикл, е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на оваа одредба.
Возачот на велосипед, на велосипед со помошен мотор, на мопед, на мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и на четирицикл, може да превезува други лица само ако на возилото постојат посебни седишта, а возачот на мотоцикл во страничната приколка.
„Возач на велосипед со помошен мотор, на мопед, на мотоцикл, на трицикл, на лесен четирицикл и на четирицикл не смее со возилото да превезува лице кое е под дејство на алкохол. Деца до 14 годишна возраст не смеат на велосипед да превезуваат други лица“, се вели во законот.
За непочитување на овие одредби се предвидени казни од педесет евра.