Претседателот на Одборот за одбрана на руската Државна дума, Андреј Картаполов денеска изјави дека нема закани за руските воени бази и воени контингенти во Сирија.
Loading...
„Нема отсечени воени единици, сите се таму каде што треба да бидат во согласност со одлуките на командата и си ги исполнуваат задачите“, изјави Картаполов, пренесува Интерфакс.
Тој нагласи дека „нема проблематични прашања и безбедноста е целосно обезбедена“.
На 8 декември, Министерството за надворешни работи на Русија објави дека сирискиот претседател Башар ал Асад одлучил да поднесе оставка од функцијата и ја напуштил земјата по преговорите со вооружената опозиција во кои Русија не учествувала.