Во просториите на НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” во среда /14 октомври/, со почеток во 17 часот, ќе биде отворен штанд на караванот ”Купи куќа, купи стан” каде ќе бидат презентирани можностите што ги нуди проектот.
Loading...
Претставници од Министерството за финансии на заинтересираните граѓани ќе им презентираат детали за тоа колкави субвенции нуди проектот, кои услови треба да се исполнат за да се аплицира и како да се поднесе барање за користење на финансиски средства.
На презентацијата ќе бидат присутни и градежни компании кои ќе ја претстават локалната понуда на станови.