Најмалку пет лица загинаа во напад на нилски коњ на реката Логоне во северниот дел на Камерун, соопштија локалните власти.
Loading...
Жртвите пловеле со кануа по реката кога нилскиот коњ го превртел нивниот брод, објави новинската агенција Ксинхуа.
Спасувачките тимови пронајдоа пет тела по нападот, изјави за новинарите локалниот водач на областа Логоне и Чари.
Останатите две лица се во тешка состојба и се пренесени во болница.
Нападите на нилски коњи се вообичаени во регионот, особено во сезоната на дождови, кога се најагресивни, соопшти Камерунската асоцијација за заштита на диви животни.