Каква е состојбата со Пчиња по врнежите од дожд?

Сподели со своите пријатели

Водостојот на реката Пчиња е над просекот за овој период од годината, покажуваат мерењата направени утринава.

Loading...

Податоците на Управата за хидрометеоролошки станици од мерната станица во атарот на селото Пчиња, покажуваат водостој од 65 сантиметри.

Тоа е единаесет сантиметри над просекот за овој период од годината кој изнесува 54 сантиметри.

Само во изминатото деноќие нивото на водата се покачило за седум сантиметри и моментално реката е на својот највисок водостој во последните седум дена.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава