Како се формирало селото и Драгоманце и од каде токму тоа име?

Сподели со своите пријатели

До пред околу 500-600 години во денешното село Драгоманце не постоела ниту една куќа. Тогаш во ова место се доселиле тројца браќа од селото Поповец, крај Алексинац, пристигнале до тука и рекле:

Loading...

– Овде ќе останеме, па како му драго, ќе живееме некако…

 

 

Но, местото на идното село се покажало убаво, драго и погодно за живеење и своето село го нарекле Драгоманце.

Постепено селото знатно нараснало и луѓето обработиле широко плодно поле во околината и по долината на реката Пчиња. За разлика од планинските села, селаните од Драгоманце воделе многу подобар живот и многу драгомани (водачи на жетвари) се појавиле во селото, та тие собирале аргати по Козјачијата и другите места, претежно Роми, и живееле и вршеле по беговските ниви и гумна.

 

Loading...

 

Така, до пред околу еден век живеел и последниот драгоманин од оваа село, Величко Смиљков, кој собирал по стотина аргати Роми и ги водел за жетва дури кај тетовскиот бег и откако ќе завршеле со жетвата, вршидбата и суредувањето на сламата, пак заедно се враќале во своите околни села.

 

 

Во околните села дури сметале дека ова село името Драгоманце си го добило токму по драгоманите, но со тоа не се сложувале староседелците во селото.

Извор: „Наш весник“ – 10 јули 1970

Loading...

Leave a Reply