Пловила како потопената јахта во која загина британскиот милионер Мајк Линч се направени да бидат „непотопливи“, изјави извршниот директор на компанијата „Italian Sea Group“, која произведува и продава јахти, Џовани Костантино.
Костантино изјави за Скај њуз дека нема никакви недостатоци во дизајнот и конструкцијата на јахтата што се преврте во бура кај брегот на Портчело на Сицилија во понеделникот и дека таа е „најбезбедната од бродовите“.
„Едриличарските бродови се познати како најбезбедни бродови, бидејќи нивната структура ги прави непотопливи тела. Овој инцидент звучи како неверојатна приказна“, рече Константино.
Италијанските обвинители кои го истражуваат инцидентот продолжуваат да разговараат со преживеаните.
Во вторникот тие го испрашувале капетанот повеќе од два часа за да откријат што се случило.
На јахтата која потона имало 22 лица, од кои 15 биле спасени, меѓу кои и Британката Шарлот Голунски и нејзината едногодишна ќерка Софија, како и сопругата на Линч, Анџела Бакарес.
Утрово беше објавено дека телото на Линч е извлечено од потонатиот брод на јахтата и засега се води како исчезнато уште едно лице – ќерката на Линч, Хана (18).
Телата на другите четири лица кои исчезнаа при потонувањето на едрилицата беа пронајдени вчера.